| . 12/31/1969 Растат цените на акциите во Европа |
| Растат цените на акциите и денеска на берзите во Европа. Нагорниот тренд почна вчера откако лидерите на земјите од еврозоната усвоија план за спас на банките. |
| _______________________________________________________________________________________________________________________ |
| . 12/31/1969 Домашните производи најмалку се фалсификуваат |
| Домашните производи иако ретко се брендираат, се вбројуваат во најмалку копираните. Ова се објаснува со неатрактивноста на производите, но и со тоа што мал дел од компаниите извезуваат во странство и немаат интерес за инвестирање. |
| _______________________________________________________________________________________________________________________ |
| . 12/31/1969 Трговскиот дефицит надмина 2 милијарди долари |
| Трговскиот дефицит надмина 2 милијарди долари, објави попладнето Државниот Завод за статистика. Тоа значи дека увозот екстремно пораснал, за сметка на намалениот извоз. Фрапантната бројка се должи на скапата нафта и енергија што влегува во земјава, објаснуваат од статистика. |
| _______________________________________________________________________________________________________________________ |
| . 12/31/1969 Холдинг Еврохолд газда на Макошпед |
| Бугарскиот Холдинг Еврохолд стана газда на Макошпед осигурување. Новото име на компанијата е Евро-Инс. Првиот човек најавува новини во осигурителниот бизнис во земјава и лизинг на автомобили. Бугарската компанија размислува за влез и во банкарскиот сектор, но засега не откриваат со која банка се преговара. |
| _______________________________________________________________________________________________________________________ |