| . 12/31/1969 Куба апелира на светот да побара укинување на американското ембарго |
| Кубанското собрание апелираше до парламентите на државите од светот да побараат безусловно укинување на ембаргото што САД веќе 46 години ги применува кон таа држава. |
| _______________________________________________________________________________________________________________________ |
| . 12/31/1969 Сирија воспостави дипломатски односи со Либан |
| Сирискиот претседател Башар Асад издаде денеска указ за воспоставување дипломатски односи со Либан. Указот, според сириски медиуми, бил потпишан денеска. |
| _______________________________________________________________________________________________________________________ |
| . 12/31/1969 Министри за животна средина од 30 држави на подготвителна средба во Варшава |
| Министрите за заштита на животната околина од над 30 држави денеска во Варшава ќе имаат средба на која ќе бидат извршени подготовки за претстојната конференција на ОН за климатските промени. Конференцијата ќе се одржи во декември. |
| _______________________________________________________________________________________________________________________ |
| . 12/31/1969 Анкета: Обама со 10 отсто повеќе приврзаници отколку Мекејн |
| Предноста на кандидатот на демократите за претседателските избори во САД Барак Обама пред републиканскиот противник Џон Мекејн, е рекордни десет отсто, објави Вашингтон пост. |
| _______________________________________________________________________________________________________________________ |
| . 12/31/1969 Ураганот „Норберт“ го погоди Мексико |
| Ураганот „Норберт“ го погоди денеска мексиканскиот полуостров Баха Калифорнија, при што повеќе стотини лица беа евакуирани. |
| _______________________________________________________________________________________________________________________ |