![]() |
||||
| naslovi.info | ||||
Македонија |
Балкан |
Свет |
||||
Печатени Медиуми |
Eлектронски Медиуми |
Печатени Медиуми | Eлектронски Медиуми | Печатени Медиуми | Eлектронски Медиуми | |
- Утрински Весник |
- А1 |
- The Financial Times - Forbes - Telegraph.com.uk |
- CNN - BBC - Euro News - People.com - Sciencedaily.com |
|||
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Обама или Мекејн - колку од американската поддршка по изборите во САД ќе задржи македонската Влада | |
| Како ноември и претседателските избори во Америка ќе влијаат на позицијата на најголемата светска сила кон Македонија и горливото прашање за името во однос на кое администрацијата на Буш покажа недвосмислена поддршка. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Со традиционални христијански обичаи и Беровчани го прославуваат големиот верски празник | |
| Верската традиција поврзана со големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица и култот кон мајката божја која го родила животот, собра близу 25 илјади верници на големиот црковно-народен собир покрај манастирот Пресвета Богородица во Берово. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Словенечки Петрол планира да се шири во Македонија | |
| Словенечката нафтена компанија „Петрол“ е заинтересирана да инвестира во Македонија. Инвестицијата ќе биде во проекти од енергетскиот сектор или во бензински пумпи, но засега не се откриваат детали. Словенечки „Петрол“ е една од водечките нафтени компании во Југоисточна Европа и присутна е во сите земји од регионот. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Одбележан Денот на рударите | |
| Со носталгија, но и надеж за подобра иднина - одбележан Денот на рударите во Македонија. По пропаста на некогаш развиената гранка, рударите зборуваат за тешките судбини и ограничените можности за егзистенција. Перспективата во Пробиштип полека се остварува. Рестартирањето на рудникот Злетово го заживува градот. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Четворица загинаа во авионска несреќа во месноста Скребатино кај Охрид | |
| Трагична несреќа во месноста Скребатино кај селото Лескоец. Загинаа 4 лица кога мал патнички авион Цесна обидувајќи се ниско да го надлета местото се урна и удри во автомобил. Загинаа пилотот Славчо Георгиев сопственик на пилотската академија, охриѓанецот Горги Ристески и уште двајца патници на кои не им е откриен идентитетот. Авионот се урнал на само 20 метри од местото каде се одржувал голем собир за празникот Богородица. Избегната е поголема катастрофа. Еден е повреден од автомобилот во кој удрил авионот во кој имало и дете но не е повредено. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Црвенковски одговори на повикот на Премиерот | |
| Шансата е сега. Последниот предлог на Нимиц треба да се направи прифатлив за Македонија за да се реши спорот - изјави Претседателот Црвенковски и одговори на повикот на Премиерот Црвенковски да даде конкретен предлог за решавање на прашањето. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Преговорите за името продолжуваат за десетина дена | |
| Преговорите за името продолжуваат за десетина дена во Њујорк. Нема информации дали медијаторот ќе ги повика преговарачите на поединечни средби или Димитров и Васикакис ќе се соочат пред Нимиц. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Бил Клинтон го поддржа Барак Обама | |
| Демократскиот спектакл во Денвер достигна кулминација синоќа со официјалното претставување на Џозеф Бајден за потпретседател на Барак Обама, но уште повеќе и со говорот на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, во кој покажа дека го преболел поразот на сопругата Хилари во предизборната трка и дека му дава апсолутна поддршка на Обама. Демократската конвенција завршува утре со обраќањето на демократскиот кандидат на стадионот во Денвер, по што за два дена почнува конвенцијата на републиканците. И Груевски и Милошоски се во САД на конвенциите на американските претседателски кандидати. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Повредена жена од заскитан куршум во Сарај | |
| За само 5 дена трет случај во кој заскитан куршум повреди човек. Заталкан куршум вчеравечер завршил во десната надколеница на 77 годишната Костадинка Апостоловска додека била на гости кај својата ќерка во скопската населба Сарај. Нејзината состојба е стабилна. Роднините се гневни, велат дека не им е безбеден животот дури и во сопствениот дом. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Фармерите ги блокираа млекарниците | |
| Фармерите од цела држава излегоа на масовни протести. Од утрото со тешка механизација ги блокираа сите млекарници низ земјава. Млекото одбиваат да го предадат, бараат повисока цена од 29 денари и навремена исплата на откупеното млеко. Најавуваат протести и во наредните денови ако не се договорат со млекарниците. Од млекарниците остануваат со истиот став, млекото ќе го откупуваат по сегашните цени и во зависност од квалитетот. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| 45-годишен скопјанец се бори за живот откако вчера попладнето паднал од скала | |
| 45-годишен скопјанец се бори за живот во Клиничкиот Центар во Скопје, откако вчера попладнето паднал од скала додека изведувал градежни работи на објект во Кратово. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Во пилотската академија шок и молк по трагедијата | |
| Со авионот Цесна 172 пилотската академија ги спроведувала обуките за пилоти. Пилотот Горгиев имал спортска дозвола за пилотирање и бил стручен и искусен - велат неговите колеги. Во пилотската академија шок и молк по трагедијата - најавија прес конференција за утре. Тројцата сопатници на пилотот не можеле да помогнат зашто немале никакво искуство - биле пријатели на Георгиев од Охрид и не знаеле да управуваат со авион. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Трговија со луѓе во Тетово | |
| Полицијата открила македонски и српски државјанки кои илегално работеле како танчарки во угостителскиот објект „Премиер Б“ во Тетово. Една од девојките била 17 годишна девојка кој израснала во прифатилиште за деца во Тетово против сопственикот на локалот и неговиот брат се поднесени кривични пријави за трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Успение на Пресвета Богородица одбележан и во Дебар | |
| Иако со помалку од 200 христијански верници, Успение на Пресвета Богородица одбележан и во Дебар. Малку сме, но доволно да ги продолжиме вековните традиции наследени од нашите предци велат дебрани, кои и годинава се собраа во црквата - заштитничката на градот, изградена во 12-от век. | |
| 12/31/1969 06:00 PM | |
| Прославата на празникот Успение на Пресвета Богородица и годинава продолжува во манастирот во Лешок | |
| Повеќе децениската традиција на прославата на празникот Успение на Пресвета Богородица и годинава продолжува во манастирот во Лешок. | |